Камен пијан Македонец направил хаос во Србија – па заврши зад решетки

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Јагодина му одредиле притвор на 24-годишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди, а во крвта имал 2,52 промили алкохол.

Се сомничи дека прво удрил во паркирана „шкода“ сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое тргнало да увиди по пријава од сопственикот на „шкодата “, соопштија од Полициската управа во Јагодина.

Алкотестот открил дека тој возел со 2,52 промили алкохол во неговиот систем.

Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава, пренесуваат тамошните власти.