Никој не сака да пасе крави – Дејан од Ерџелија мака мачи да најде работници за убава плата

Сите сакаат пари, а неретко кој сака да работи некој занает или да се занимава со сточарство и земјоделство. Особено млади не ги практикуваат таквите професии, а таков пример ни доаѓа и од село Ерџелија.

Никој не се јавува на огласот на сточарот Дејан Донев од селото Ерџелија. За плата од 500 евра, обезбедено сместување и три оброка дневно тој долго време не може да најде кој да му ги пасе кравите.

– 500 евра плата, добри услови, со превоз и храна, вели Дејан Донев во разговор за ТВ Стар.

Донев има 30 крави и дневно производство од околу 400 литри млеко а, во потрага по работник, се обиде да најде вработен и преку Фејсбук, на страницата земјоделие.мк каде што земјоделците разменуват секакви иннформации.

Пред неколку денови, тој напиша: „Кој е за работа со крави нека се јави на 072 320 255, кој не е нека прерипа огласпритоа наведувајки ги и условите за работа.По неколку дена, ТВ Стар го побара за да праша дали интерес за понудената работа има.

– Има доста, ама никој не сака да работи. Дојде, види каква работа е колку работа има и така. Нема да се откажам ја, доколку има – има, додава Донев.

Донев е само еден од многуте земјоделци кои преку оглас бараат вработени. Истиот проблем го имаат и одгледувачите на овци но, и земјоделците.