Канал 5 открива во близина на кое скопско село е пронајдено телото на Вања

МВР и Јавното обвинителство вечерва соопштија дека по преземени активности во околината на Скопје е пронајдено телото на 14- годишната Вања Ѓорчевска.

Според сознанијата од истрагата и соопштението на МВР телото на Вања е пронајдено во близина на скопското село Орман . Вања била убиена уште истиот ден кога била киднапирана , во понеделникот на 27. ноември.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Сите петмина се од македонска етничка припадност, соопшти Обвинителството.

Од с. Орман во видео линк се јави новинарката на Канал 5 која соопшти дека се уште не е дозволено пристап за медиумите до местото каде е најдено телото.