Прегазен велосипедист во Скопје – со тешки телесни повреди пренесен во болница

За жал бележиме уште една сообраќајна несреќа со потешки последици која се случи на подрачјето на Скопје.

За настанот информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), а во истото се вели:

-На 24.01.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.Е.(23) од с.Визбегово, удрило во велосипед управуван од Р.Р.С.(49) од с.Визбегово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р.С. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.