Катерина од Штип: Два месеци бев само на леб и на вода, ако не ми помогнете ќе ми го земат дететет

Улогата на жена и мајка е навистина бесценета. Да дариш живот и да изведеш живот на пат не е нималку лесна работа. Напротив премногу одговорна и тешка обврска. Во мајчинството колку се ужива уште повеќе има откажувања и борбеност. Една таква жена, која Бог и дал и улога на мајка е Катерина Донева Винкова од Штип, која иако има само 24 години се соочува со многу борби пред себе.

Ќе каже дека имала мирно детство во куќата на татка си до своето полнолетство, но, многу млада верува дека ќе најде сродна душа па, на 18 години раѓа дете кое не и било признато од првиот животен сопатник, па веднаш останува без рожбата зашто самата не била способна да се грижи за него. Денес, името на тоа дете и е истетовирано на раката и веројатно сиот живот во срцето. Пред две години Катерина повторно верува дека носи правилна одлука и се мажи. Пред нецели 12 месеци ја раѓа Илина, а во моментов е повторно во блажена состојба. Но, веќе подолго време поради несогласувања со сопругот вели таа, е вратена во домот на мајка си и живее само со неа и детето, зашто татко и е починат.

Но вели, немам никакви примања. Немам никаква помош од таткото на детето. Два месеци сум била само на леб и на вода. За детето немам пелени и млеко. Мама зема 9000 социјално, со кои плаќаме сметки и долгови. Не стигнува за храна, па, морам –низ солзи ќе каже оваа несреќна мајка, да барам донации за детето и да се молам некој да ми помогне со дрва зашто социјалните служби ми се закануваат дека ќе останам и без ова дете.

Не сум во состојба да работам затоа што сум бремена – ќе додаде таа, но веднаш штом се породам и малку бебето потпорасне ветувам ќе барам работа под дрво и под камен за да им обезбедам иднина на моите деца. Без нив јас не би била човек –завршува Катерина.

Катерина Донева живее живот каков што не би требало да живее ниту една жена. Иако, имала релативно добро детство, не може да каже дека и сега кога се осознала во улогата на мајка живее добро. Таа на 18 години родила ќерка која не била прифатена ниту од избраникот, ниту од татко и, па немајќи услови да ја чува морала да се откаже од неа. Неколку години верувајќи дека прави добар избор повторно се мажи и лани ја раѓа Илина, но за жал набрзо се враќа во куќата на мајка си каде живее многу тешко со нејзината скромна социјална помош која вели таа не стигнува за ништо.

-Кога бев мала живеев пдообро. Кога бев тинејџерка имав немил настан кој заври со судска разврска бидејќи во влезот на една зграда ме тепаа две момчиња и тоа го снимаа. Таман се соземав од тоа и малку пораснав, одлучив дека сакам да основам семејство и се омажив. Ја родив Александра, но ниту еден ден не успеав да бидам со неа. Ми ја земаа од социјално затоа што ниту таткото ја сакаше, ниту мојот татко дозволи да ја задржам.

Јас бев неспособна сама да се грижам за неа и со таа болка мислам вечно ќе живеам-започнува да го раскажува Катерина својот живот. Повторно застанав на нозе и најдов нов човек за кој мислев дека е вистинскиот за мене. Се земавме и создадовме дете. Мојата Илина која има само една година и која ми е се во животот. На почетокот беше добро. Но, подоцна започна тешкиот живот за мене и моето дете. Не можев веќе да издржам и се вратив во семејната куќа каде сиромашно со 9000 денари живее мама. Тука сум неколку месеци и едвај опстанувам. Два месеци сум била на вода и леб. Ако не ми дадат донација или ако не ми помогне чичко ми ќе немам ниту за детето. Затоа, морав да ви се јавам. Зашто доаѓа зима, јас сум повторно бремена, а помош од таткото на децата немам. Не знам како ќе ја стоплам куќава, кога немам ниту дрва. А, малата често ми се разболува-додава таа.

Недостоинствено за една жена и мајка живее Катерина со нејзиното дете. Второто бебе наскоро ќе се роди, а условите се навистина тешки за ова семејство, без дрва, без храна, без основни услови за живот. Но, веројатно најтежок е стравот кај Катерина да не ја изгуби Илина и нероденото дете бидејќи нема услови за живот ниту за себе, ниту за нив.

-Ми се закануваат дека ќе ми го одземат и ова дете. Но, не овојпат нема да дозволам. Таа е многу поврзана со мене и многу ја сакам. Ќе се борам до крај и за Илина и за детево што ќе се роди-завршува Катерина за „Срце на дланка“.

Во животот секогаш ќе сретнуваме два типа на луѓе. Еден што ќе не повреди, а друг што ќе не излечи. Еден што ќе ни забие нож, а друг што ќе ни го понуди и срцето на дланка. Некогаш оние без душа не напаѓаат десетпати повеќе од одние со душа. Но, да не се обезхрабруваме. Секогаш Колку и да е мрачна ноќта, секогаш ќе дојде некој кому нема да му биде сеедно што патиме и ќе не извлече од бездната.

Доколку сакате да и помогнете на Катерина тоа можете да го напрвите на нејзиниот телефонски број 078526287 и нејзината жиро сметка 290500021206651