(ФОТО) Откако се разведе од Анета, еве во што најде утеха Џими и каде замина

Долги години Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими важеа за еден од најпознатите брачни парови на македонската музичка сцена кој со години наназад повеќе од успешно опстојува.

Со нивната група Молика каде и да се појава секогаш привлекуваа внимание во јавноста, а забавата секогаш е загарантирана.

Од нивниот брак ја имаат ќерката Моника. Меѓутоа пред околу месец дена како гром од ведро небо се прошири веста дека Анета и Џими спогодбено се разведуваат

Парот после 22 години заеднички живот решија да се разделат и секој да си тргне по својот пат. Оваа вест ја потврдија и двајцата.

Ако Анета, која во меѓувреме си го промени презимето на социјалните мрежи не е активна, тоа не важи за веќе екс сопругот Џими.

Тој своевидна „утеха“ си пронајде во возењето мотор со кого реши да земине во Хрватска и да ужива во убавините на Јадранот.