Кочанската болница остана без речиси сите комбиња за Брза помош: Нема возило за транспорт на болни во легната положба

Ситуацијата во македонското здравство не е сјајна, а најдобар показател за тоа е податокот што ни доаѓа од Кочани, поточно тамошната болница.

Имено овој здравствен центар е од регионален карактер и покрај Кочани покрива општини како Злетово, Зрновци, Чешиново Облешево, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево.

Со оглед на тоа што во овој дел од државата преовладува пред се старо население, склоно на болести и потреба од болничка нега, фрекфенцијата на пациенти е голема.

А ако се земе предвид дека болницата во Кочани е оскудна со кадар, па речиси секој посериозен случај се препраќа за Штип и Скопје, јасно е дека повеќе од потребни се болнички возила.

Арно ама, наместо дополнителен број, ги снема и тие што ги имаше. Имено работата е дојдена до таму што неколку дена на заем во Кочани земале возило, комбе од виничката итна помош, но откако и на таа помош и дошло крај, претходно две седмици кочанската болница немала возило за транспорт на болни во легната положба па за таа намена се користеа две теренски од марката „Лада“ и „Дачија“,

Имено, двете комби – возила од марката „Рено Трафик“ веќе подолг период не се во функција. Патем секако и едното од нив беше позајмено од Скопје.

Надвор од употреба се и двете патнички „Дачии“ кои се приспособливи за транспорт на болни во легната положба.Слична е и состојбата со останатите патнички возила за превоз на болнички персонал и пациенти, познати како „Пикап“.

Па за транспорт се користи сега единствено комбето Тојота, старо 20 години, истото она кое се прослави откако беше украдено од дворот на болницата, па потоа најдено удрено.

Е тоа таму е дојдена работата, и ова возило кое е оштетено, да покрива толкава територија.