Кочо Анѓушев откри каков автомобил вози сега – но и какви се возила поседува

Кочо Анѓушев важи за еден од најпознатите македонски стопанственик и сопственик, а своевремено беше и вицепремиер за економски прашања.

Ако се каже дека тој е еден од најбогатите Македонци, нема да се погреши. Во последните годни доста вложува во енергетиката, поточно во обновливи извори на енергија.

За Кочо Анѓушев во Македонија знаат сите. Бизнисменот што важи за еден од најбогатите по потекло е од Велес. Се проба и во политиката, но тој за себе вели дека е роден да биде бизнисмен.

А почнал како автомеханичар, од каде што вели ја носи и љубовта кон добар автомобил. Во моментов приватното возило му е од брендот БМВ (BMW).

Станува збор за „БМВ 7 740l“, кое е старо година и половина. Има и „БМВ ренџ ровер аутобиографи“ (BMW Range Rover Autobiography). Службеното возило, кое е регистрирано на компанијата со која раководи „Фероинвест“, е „БМВ 5 520d“ (BMW 5 520d).

Анѓушев вели дека возило што му правело најголем мерак е „масерати“ (Maserati), какво што имал до пред една година.

„Имав ’масерати’ од 2012 година, но некако се почувствував стар за него (се смее) и го продадов минатата година. Јас не ги кријам моите возила, а сопствен автомобил имаат и двете деца и сопругата“, вели Анѓушев за Блумберг Адриа.