Крај на потрагата по исчезнатото девојче – МВР го објави епилогот

Како што е познато денес македонската јавност повторно се вознемири поради исчезнување на девојче од Скопје.

Вечерва, поточно пред неколку моменти се огласи Министерството за внатрешни работи (МВР) и за настанот кажаа:

-Пронајдено 14-годишно девојче кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

Денеска (03.02.2024) полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на 01.02.2024 пријави дека се оддалечила од домот. Малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко.