Кристина откри во каков однос е со поранешниот Кајмаковски: Кажа и што мисли за него и изненади многумин

Бракот помеѓу манекенката и пејачка Кристина Димитријевска и Даниел Кајмакоски отсекогаш бил интересна тема за јавноста.

Иако нивната брачна врска траеше кратко, сепак и после тоа честопати беа ме та на медиумите.

Кристина остана да живее со нејзиниот син и да гради кариера, а Кајмакоски замина во Белград каде продолжи со својот живот.

Кристина беше гостинка на Јутјуб каналот со Стефан Лазаров каде зборуваше за почетоците и идните планови во музичката кариера, но и за неизбежната тема – нејзиниот поранешен сопруг Даниел Кајмакоски.

– Да го пофалам бившиот. значи бившиот навистина е вокал којшто во Македонија нема таков.

Можам да кажам дека и сега ден денес знам да се слушнам, да го побарам и да барам некој совет за музиката и ете знае и да ме посоветува. Шала нa страна навистина е талентиран и во музиката му симнувам капа, вели Кристина.

Кристина моментално работи на нови проекти заедно со дарко димитров игор џамбазов и лазар цветковски.

– Искрено и нескромно можам да кажам дека сум единствената личност во државава што многу вложувам и во гардероба и во сценски настап. Секогаш кога ќе ме прашаат дали повеќе заработуваш или вложуваш секогаш викам вложувам.

Јас си ја сакам Македонија. Секогаш кога ми викаат пресели се – лесно е да се преселиш ама јас сум Македонка и кај и да одам ќе го носам своето, додава Кристина.