Стефани е најголемиот скржавец: Готви во машина за садови, а бананите ги лупи пред да ги стави на мерење во продавница

Сите сакаме да примениме добар совет за заштеда на пари, но Стефани Бенет ги води работите до крајност. Така, на пример, таа шета во темница меѓу соби во станот.

Носејќи со себе само сијалица, која ја става и пали само во просторијата каде што ќе остане да најде нешто. Тврди дека на овој начин само за струја заштедува околу 55 евра месечно.

Стефани, исто така, ги собира грутките и влакната што се собираат на дното на барабанот и гумата на вратата на машината за перење и од нив прави импровизирани памучни влошки, кои ги користи за отстранување на лак и за шминкање.

Наместо обичен туш, таа го користи принципот на морнарски туш (кој троши многу помалку вода така што прво се натопува под вода,

Потоа се насапунува со исклучена вода и повторно ја пушта за брзо плакнење. Нејзиното момче Патрик Робинсон не го разбира начинот на живеење на неговата девојка и вели дека таа никогаш не се тушира ​​убаво.

– Стефани има добра работа, работи во ординација. Заштедила многу пари, но не сака да троши ништо. Смешно е како живее, но јас ја сакам и затоа го прифаќам тоа, вели Патрик.

И тоа не е се. Стефани штеди и на вода за готвење тестенини, па ја користи истата вода повеќе пати. Со инјек тирање, таа прецизно ја мери количината на детергент за перење што треба да се стави во машината за перење.

Вели дека умее максимално да го искористи секој вид на храна и пијалок во куќата, кои ги чува во посебни простори. Оваа приказна покажува и колку таа е посветена на штедењето:

Кога купува во супермаркет, Стефани ги лупи бананите пред да ги стави на вага, исто како што го чисти грозјето од гранките и го мери само плодот.

А ако тоа ви изгледа би зарно, еве уште неколку детали: Стефани готви во машина за миење садови, па цврсто ги завиткува чиниите во алуминиумска фолија за да се погрижи водата да не навлезе во нив додека се мијат други садови околу нив.

Така готви виршли, приготвува лазањи, риба и слично, бидејќи повеќе го сака тоа отколку да троши струја за да подготви друг оброк.