Познатиот македонски шоумен: Многу луѓе ме имаат прашувано, зошто не се отселам од Македонија

Давид Давидовски е познат шоумен, новинар и инфлуенсер кој меѓу јавноста е познат како една од најконтроверзните јавни личности кај нас.

Каде и да се појави доминира со својот стајлинг, а како и секоја јавна личност и кај Давид постојат работи кои ја интригираат јавноста и предизвикуваат медиумски скандали.

Изминатиов период постојано е мета на препукувања и напаѓања од страна на јавни личности на социјалните мрежи. Затоа тој напиша:

Многу луѓе ме имаат прашувно, зошто не се отселам од Македонија? Ќе сум бил поголема ѕвезда, светска модна икона, најгледано светско тв-шоу би имал итн… Мојот одговор е јасен и гласен- нема да се отселам од мојата родена земја!

Во Македонија сум ги доживеал најубавите моменти од мојот живот, ја сакам оваа земја, го сакам добриот народ во оваа земја, ја сакам мојата публика, сакам да творам и работам во мојата земја, сакам да го променам оној заостанат, па и малце злобен менталитет! Не ми значи ништо ниту слава, ниту богатство, ниту светски успех, ако сум далеку од својата земја!