(ФОТО) Сани се надмина себеси – микрофонот не го испушта од рака ни во вода

Сања Гроздановска или скратено Сани низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕвезда.

Од настапи во клубови, ресторани, свадби, до концерти и фестивали како во Македонија така и надвор од неа, Сани едноставно нема застој кога станува збор за музиката.

Секогаш расположена и со ведар дух Сани знае како треба да се однесува на сцена и пред публика, умешно и со глас и со танц знае да ги привлече сите погледи кон себе.

„Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави во интервјуто за Фокус.мк.

Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки“.

Згодната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате.

Сани е секојдневно активна на социјалните мрежи каде споделува кога има настапи, но и по некоја фотографија од приватниот живот.

Овојпат Сани ја снимаа во базен додека се капе, а истовремено го држи и микрофонот и пее.