(ФОТО) Игор Џамбазов: Ќе се женам, ќе те сменам

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а освен тоа работи и на нови музички проекти.

Секогаш знае да биде уникатен и креативен, дали тоа било пред тв камерите, на радио или на музичка сцена, како и на социјалните мрежи.

Џамбазов се огласи на својот фејсбук и инстаграм профил каде што сподели вест во која вели:

Денес со Мишел го снимивме демото за насловниот сингл “Ќе се женам, ќе те сменам” за филмот @teduazimimene , на @spricmi , по сценарио на @kuzelov .Премиера во @cineplexx_mk во септември.