Лазаров се огласи по тешкиот пораз од Франција – јасно кажа од што е незадоволен

Македонската ракометна селекција на отворањето на ЕП претрпе тежок пораз од Франција изразенс со дури двоцифрена разлика од +10 (39-29).

По мечот свое видување имаше селекторот на нашиот национален тим Кире Лазаров кој кажа:

„Честитки за француската репрезентација, која заслужи да победи попладнево. Можеби денес игравме против најсилната европска селекција. Игравме добро, задоволен сум, но не е доволно да играте добро 40-45 минута. Не сум задоволен од резултатот, бидејќи загубивме со десет разлика.

Можеби пореално беше да биде на крајот 6,7,8 разлика. Направивме премногу грешки кога играте против селекција како Франција.

Сега имаме четири дена да го подготвиме натпреварот со Германија и верувам во оваа селекција“, рече Лазаров.