Не, не е шега – Роналдо доаѓа во Штип, ќе игра за Брегалница

Македонскиот фудбалски клуб Брегалница продолжува засилено да се екипира за новата сезона во Првата лига.

Да, добро прочитавте во насловот, во градот под истарот пристига интернационално засилување во името на Роналдо.

Но не, не станува збор за оној бразилскио или португалскиот Роналдо, туку за јамајканскиот.

Брегалницац не запира со нови засилувања ова лето, a нов играч треба да биде Роналдо Вебстер (21 г, 178см) кој е офанзивен играч од Јамајка кој подеднакво добро настапува на позицијата крило и креативен играч за врска.

Станува збор за доста брз, агресивен играч кој сезоната ја завршил со 5 погодоци во Премиер Лигата на Јамајка.

Се очекува Роналдо Вебстер да пристигне во Штип откако ќе заврши со настапи во младата репрезентација на карибската земја.

Исто и како Калин Андерсон, и Роналдо Вебстер доаѓа од Кавалиер кој ја завршија сезоната на втората позиција на табелата во Премиер Лигата на Јамајка.