Полноќна драма во Скопје – навивачите на Левски одбиваат да го напуштат стадионот: Имаат ултиматум до МВР

Екипата на Левски успеа во Скопје вечерва да го победи Шкупи со 2-0 во рамки од првиот меч од второто квалификациско коло за Конференциска лига на УЕФА.

Мечот го одбележаа бројни инциденти на трибините, но и пред самиот меч, а очигледно и по крајот на средбата нема крај на проблемите.

Навивачите на Левски не сакаат да го напуштат стадионот „Тоше Проески“ додека не се ослободат приврзаниците на „сините“ кои претходно денеска беа приведени.

Имено како што објави нашето МВР, девет навивачи на Левски беа приведени откако имаше тензии меѓу приврзаниците на двата тима пред натпреварот.

Навивачите на „сините“ инсистираат да си заминат дома заедно со своите членови кои се уапсени, а како што е познато има и повредени во болница.