(ФОТО) Ни срам ни перде: Водечките луѓе на ФФМ се фалат како се гоштевале на „Олд Трафорд“ додека Англија не газеше

Македонија вчера доживеа епска катастрофа на „Олд Трафорд“ откако загуби со 0-7 од Англија во евроквалификациите, но очигледно не беа сите наши луѓе таму разочарани, зашто имаше и такви кои уживаа за време на натпреварот.

На нивна, а богами и на наша жалост, тоа се членови на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Истите тие членови кои лапаа по 20.000 евра премии, пак се во центарот на јавноста.

Ниту бурните реакции на јавноста по дебаклот на македонските фудбалери на „Олд Трафорд“ очигледно не биле доволни за членовите на УО на ФФМ, Борче Лазаревски, Марјанчо Стојкоски и Владимир Гашевски да си ја „чукнат главата“ и да размислат пред да објават фотографии на кои може да се забележи како си пијат вино, додека нашите репрезентативци пишуваат негативна историја.

Лазаревски утрово се пофали со фотографија на Инстаграм како ужива заедно со Гашевски и Стојкоски во ВИП делот на „Олд Трафорд“ и притоа пијат и јадат.

После овие сцени реакциите на јавноста ќе бидат уште поголеми.