Македонскиот фудбал се распаѓа – вечерва капитенот Ристовски ја шокираше јавноста

Македонскиот фудбал никогаш не бил на полошо ниво. Во државата едноставно нема услови за фудбал, поточно нема ниту еден стадион во моментот кој исполнува европски услови.

Фудбалската селекција бележи катастрофални резултат, а и ниту младинците не се истакнуваат.

Социјалните мрежи, односно официјалните мрежи на ФФМ служат за потсмев на јавноста откако хакери повторно и ги презедоа профилите.

И додека водечките луѓе, прецедателот Сејдини, управниот одбор и селекторот Милевски си немаат гајле, вечерва пристигна уште еден шок.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски вечерва објави крај на репрезентативната кариера со обраќањето до јавноста во која потенцира дека се одлучил на овој потег поради несогласувањата со сѐ уште актуелниот селектор Благоја Милевски.

Ристовски во обраќањето на социјалните мрежи посочува дека работите во националниот тим одат во погрешен правец, а и покрај укажувањата кон селекторот за сѐ што се случува во и околу националниот тим, работите не се сменети.