Македонецот Игор: До мојата зграда паѓаат рекети, но останувам во Израел до крај иако можеби е лудо

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи денеска информираше дека неизвесна е евакуацијата на овие македонски државјани кои се наоѓаат во критично подрачје во појасот Газа, блиску до Египет. Брачниот пар се обидел да го напушти ова подрачје, но во моментот кога стигнале на границата со Египет, властите во Каиро го затвориле граничниот премин.

Дел од нашите државјани кои беа затекнати во загрозените подрачја во регионот на Газа, ноќеска со авион пристигнале во Атина и веќе се на пат кон својот дом.

Во Атина, Османи посочи дека тие биле пречекани од нашата амбасада, од каде со автобус се префрлени до граница, од каде пак МНР ги презема со возила и ги носи до нивните домови.

Инаку, досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 се очекува да пристигнат утре во Македонија, но на кој начин ќе биде извршена евакуацијата и дали ќе има чартер-лет, Османи посочи дека тоа го организира Владата и дека јавноста ќе биде информирана за точните термини кога овие лица ќе бидат вратени.

Но има и такви кои одбиваат да се вратат во нашта држава и се решени да останат, е еден од нив е Игор Анастасов.

„Сакам да го преживеам и ова чувство. Можеби е малку лудо, ќе останам до крај, со господ напред“, рече Анастасов за Гласот на америка на македонски јазик и додаде:

Моментално пред само пет минути пукнаа четири ракети во близина на мојата зграда, но во воздух. Ги уништува анти-ракетен систем, кој е на струја, и благодарение на него сме живи и здрави инаку ќе беше хаос. Ситуацијата е страшна. Не се опишува. Хорор филм. Буквално најлошата војна која сум ја замислил е оваа“