Македонија и се е можно: Кирчо од Виница останал и без кола и без пари – а капак на се бил и адвокатот

Му се расипала колата и ја однел на мајстор. Вака Кирчо од Виница раскажува за проблемите со кои се соочува. Мајсторот му побарал над 20 илјади денари за поправка, ги добил пароте ама и по неколку месеца не ја завршил колата.

Потоа се договориле колата да се продаде, а мајсторот да ги врати парите за поправка. Кирчо на крај отанал и без кола и без пари. Правдата сакал да ја бара на Суд.

„Дојде негов другар после шест месеци да ја купи колата, договори се со мајсторот. Мајсторот ја продаде колата ама не ми ги врати парите ни за работна рака ни за делови. Поднесов кај адвокат за парите и по две години одговор нема.

Му дадов 3000 денари, а не добив ништо за возврат. Јас бев во Судот во Виница нема ништо поднесено. Поднесов кај друг адвокат и пресудата ја добив.“ – вели Карафиловски.

Проблемите продолжуваат и откако најмил нов адвокат и ја добил пресудата. Вели дека го посетил претходниот со цел да ги добие парите назад, ама наместо пари како што вели Кирчо бил избркан од канецеларијата на адвокатот.

„Отидев кај претходниот адвокат да си ги барам парите, и тој ми вели сега ќе биде. Му велам дека лаже, и тогаш тој ме избрка од неговата канцеларија. “ – додава Каранфилов.

М-Нет телевизија стапи во контакт и со првиот адвокат на Каранфилов. Тој посочи дека втората страна на призканата ќе се презентира кон крајот на оваа недела.