Македонската дијаспора во Швајцарија доби пофалба – се издвојува по едно нешто

Министерот задолжен за дијаспора, Џемали Чупи гостуваше во емисијата „Пастел“ каде разговраше на неколку теми:

„Бидејќи на секоја средба што ја имам во дијаспората, една од причините за нашите долги дискусии и дебати со нив почнува со граничните премини.

И покрај тоа што се обидувам да информирам за многу нови нешта, програми и за многу мои иницијативи, акцентот повторно останува на граничните премини“, вели Џемали Чупа.

Министерот Чупи вели дека од разговорите што ги води со иселениците, заклучил дека нивната желба да се вратат во татковината е сѐ помала.

„Сите тие веќе имаат свој капацитет, свои институции и организации, свои активности, имаат деца кои имаат обврски и одат на училиште, затоа постепено втората и третата генерација само чувствуваат носталгија за татковината на таткото, дедото, мајката или бабата и нивната желба за доаѓање почнува да се гаси“, порача Џемали Чупа.

Чупи вели дека иселениците секогаш се гордеат на своето потекло. Министерот открива дека само во Швајцарија се регистрирани над 70.000 Албанци од Македонија.

„Особено во Швајцарија чувството беше исклучително, толку многу беа организирани меѓу себе.

Имаа толку многу активности што се претвора во позитивна конкуренција меѓу нив кој ќе направи повеќе активности и ќе се појави пред другите и ќе каже – еве сум, јас ја имам привилегијата да направам ваква организација“, додаде Џемали Чупа.