Македонската манекенка си ја кажа желбата во новата година: Бар 5 – 6 брака, скромно

Емилија Розман, познатата македонската мисица, манекенка и модел едноставно не ја држи место и постојано е во движење. Важи за една од најубавите Македонки.

Откако се вери со момче кое го познаваше само 24 часа, па по нецели две недели наместо свадба се случи раскинување на свршувачката постојано е присутна во медиумите.

Таа стана актуелна во медиумите повторо откако во средината на јули му кажа „да“ на своето момче, Стефан Ангеловски, но набрзо стави крај на оваа љубов.

Имено, по свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле едвај неполни два дена и тој ја побарал за сопруга.

Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од интимната романтичното запросување, „се разведе“ од својот невенчан сопруг.

Розман по тие случувања знае често да се пошегува на своја сметка и да сподели нешто поврзано со нов брак или запросување, па така на крајот на годината што помина си напиша:

„Ако некогаш ви е тешко и помисливте дека имате лоша година, сетете се дека помина цела година, а јас ниеднаш не се омажив.“

Традиционално како и секоја година на Василица голем број фамилии, друштва, организации делат погачка, лепче со паричка, па Розман се пофали дека нејзе и се паднала паричката и напиша:

Па со оглед на тоа што уште воз не ме згази годинава што пројде, валјда оваа ќе се случи нешто убаво. Бар 5 – 6 брака еве скромно да почнам од некаде..