Македонскиот музичар се разочара од полицијата: Ваква репресија и протисок како во последнава година се нема никогаш случено

Познатиот македонски диџеј и фронтмен на грулата ДНК повторно се огласи на Фејсбук ии распали по претставниците на МВР видно незадоволен:

МВР освен што знаат да ги малтретираат сопствениците на ноќните клубови , промотерите и останатите угостителски објекти, други покомплексни работи се научна фантастика за нив!!

За жал сила покажуваат таму каде најмалку треба да се покаже, а воедно гледам дека силно решиле да го продолжат егзодусот на оние малкумина младите кои за жал сеуште се тешени да останат во Македонија.

Убеден сум дека истите тие млади за време на викедните сакаат само да се забавуваат и за момент да избегаат од суровата реалност на нефункционалното општество и сивото секојдневие каде реткост е да слушнеш убава вест од медиумите.

Јас сум сведок дека оваа станува ноќна мора за сите угостители и се случува насекаде низ Македонија поготово во источниот дел, а тврдам дека највеќе во Скопје. Со оглед на мојата професија, повеќе од 20години сум дел од ноќниот живот и најодговорно тврдам дека ваква репресија и протисок како во последнава година се нема никогаш случено.

Капа им симнувам на секој еден угостител кои се труди чесно да заработи и не знам само што ги мотивира да не стават кључ на врата.Жално, бедно, болно……