Македонците со бугарски пасош во Германија се соочуваат со голем проблем – ќе осетат на џебот

Македонците со бугарски пасоши кои сезонски работат во Германија се пред реален ризик да плакаат двоен данок. Ова, откако двете земји на 1 јануари потпишаа договор за двојно оданочување.

Многу Бугари кои добиваат приходи од Германија ќе бидат погодени од промените во договорот за двојно оданочување меѓу двете земји, предупредуваат даночните консултанти.

Меѓу најпогодените ќе бидат сезонските работници кои работат неколку месеци во Германија. До тој момент тие вообичаено беа ослободени од оданочување во двете земји, бидејќи во Германија нивниот приход не го надминува ослободениот минимум, а во Бугарија договорот предвидува ослободување од оданочување.

Поради тоа, овие лица не поднеле даночна пријава до Агенцијата за приходи а таа не го следела овој прекршок, поради немање даночен ефект. Сепак, ситуацијата за нив значително се менува. Приходите на бугарските сезонски работници во Германија сега ефективно ќе се оданочуваат во Бугарија, доколку тоа не е направено во Германија.

Тие треба да знаат дека даночните канцеларии на двете земји автоматски разменуваат информации за приходите од работните односи, што значи дека Агенцијата може да врши контрола.

Како сето ова ке функционира е неизвесно за Македонците со бугарски пасоши останува да се види но познавачи влат дека нема да биде никакво изненадивање доколку наредната година на нивните бугарски адреси стигнат сметки за данок.