Максим Димитриевски: Факт е дека во Македонија никој не смее со прст да крене против ДУИ

Градоначланикот на Куманово и актуелен лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски се огласи одново на социјалните мрежи и порача:

-Факт е дека Македонија создаде еден феномен, во кој што феномен никој не смее со прст да крене против ДУИ. Затоашто ДУИ е факторот којшто е во моментов главниот носител на власта, а сите останати се привезоци. До кога тоа ќе биде така?

И граѓаните мора да се освестат да му ставиме крај на тоа. Како ќе му ставиме. На македонската политичка сцена мора да излезат и нови политички субјекти, еве да не биде предизборна кампања или реклама само за субјектот којшто јас го застапувам.

Јас мислам дека нашата опција ќе понуди најдобро, но сепак, нови коишто ќе направат одреден баланс.

Ние ќе бидеме тие по изборите коишто ќе понудиме еден документ на сите коишто ќе сакаат да разговарат за формирање на следната мнозинска влада.