Максим Димитриевски: Јас би се радувал доколку имам поддршка од Бранк Црвенковски

Актуелниот градоначалник на Куманово и воедно лидер на новоформираната ЗНАМ, Максим Димитриевски се подготвува за изборите.

Тој ќе биде кандидат за претседател од ЗНАМ, а во интервју за Гласот на Америка на македонски меѓу другото кажа

-Ние не ја создаваме партијата да комплицираме состојба на никој. Ние ја создаваме партијата за да на следните избори СДСМ изгуби, а ВМРО да не добие шанса да победи.

Беше прашан дали има подршка од поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, дали и тој е дел од ЗНАМ?

-Јас би се радувал доколку имам, но јас досега немам слушнато и во јавноста дека ја има потпишано и мојата иницијатива за кандидатура за претседател на државата. Секој е добредојден, кој што и се нема огрешено на Македонија и кој што не направил штета на македонскиот народ. Инаку лично Црвенковски го почитувам.