Малите Петар и Матеј од Кратово: И без леб и без облека ќе издржиме, но само струја да добиеме

Утрото денот го покажува, а, детството остатокот од животот ако се водиме по тоа правило. Токму таков, тежок и беден било и детството на Драган Величковски од Коњух, Кратово, кој од 4 години останат без мајка сиот живот ќе се бори по ливадите и пасиштата како овчар за корка леб, пренесува „Срце на дланка“.

Љубовта кон сопругата и семејството ќе го направи пожртвуван татко, кој за да заработи за куќа ќе помине многу ридишта и планини за да купи скромно земјиште и издигне една соба. Веќе 11 години таа соба ја отсликува секоја негова капка пот, но, за жал исто толку години тој се бори да воведе струја во неа и да ги стопли трите дечиња Кристина, Петар и Матеј.

Темнината е дупло потешка за Катерина, сопругата на Драган, која како мала поради висока температура станува слабовидна, а од ден на ден состојбата и станува се потешка. Ова семејство земало скромни средства од детски и образовен додаток, но, желбата на Катерина да се вработи и да придонесе во семејството била толку голема, што надевајќи се дека работодавците нема да забележат се пријавила во една фирма и за работа од 15 дена ги губи и тие минимални средства кои дотогаш ги земале.

Сега се останува на плеќите на Драган. Тој чува две крави за некоја млекарница со која го дели приходот и тие средства одат за лечењето на малата Катерина која боледува од Вилсонова болест која со месеци лежи на клиниката во Скопје. А, малите Петар и Матеј наместо да учат и уживаат во детските игри, ги пасат кравите, додека нивниот татко оди по куќи за да заработи некој денар. Се ќе поминеме, и без леб и без облека, но струјата ни е најпотребна за да малку барем ни се олесни животот-ќе кажат тие.

Драган потекнува од Коњух, но, уште како млад почнува да чува овци и да заработува за живот. Така ја запознава и својата сопатничка Катерина, која сиот живот оди зад него и му е ветер во грбот.

Пред него и не може зашто како дете го изгубила видот и едвај 10 проценти очите денес и служат за да може да ја зачисти куќата и да и даде лекови на ќерката која боледува од ретка болест. Тие од млади на различни места заработувале од чување стока за други, со што купуваат плац во Гулиновац и градат скромна куќа од една соба во која го сместуваат своето семејство.

Можеби пред неколку века животот без вода и струја некако можел и да се замисли, но денес тие се двигатели на животот и незамисливо е ниту ден без нив. За жал, Драган со семејството веќе 11 години живее во мрак. И, додека ќерката со месеци лежи во болница, а сопругата и дење и ноќе гледа само мрак, тој со синчињата принуден е да пасе крави и работи по куќи за да донесе парче леб за фамилијата.

Иако, најчесто лебот е заменет со лекови за Кристина поради што таа чувствува голема вина и е несреќна. Сепак сите до еден ќе речат, со се би се справиле само да видиме еден ден и во нашата куќа да светне светло и да живееме како другите луѓе.

Секој ден, едни битки добиваме, а други ги губиме. Се разочаруваме, но не се предаваме. Зашто силните луѓе и кога се најповредени знаат дека зад себе имаат некој кој ги направил такви. А, тоа се вика живот.