Марија Шерифовиќ воодушевена од Македонецот: Вака никој досега не отпеал

Дуелот меѓу Mакедонецот Омар Џафероски и неговиот колега Армин Зукиќ предизвика лавина коментари, што не го очекуваа ниту самите натпреварувачи.

По незаборавниот настап, Омар кој сезонава ги брани боите на тимот на Ѓорѓе Давид освои шест гласа, додека момчето од тимот на Ана се избори за еден глас помалку.

-Ме отепаа со гласовите – искоментира Кеба, кој доаѓа на местото на Ана Бекута во „Ѕвезда Гранда“, а поради неговиот коментар сите пукнаа од смеење.

Со оглед на тоа што Марија Шерифовиќ пресуди со својот глас во корист на кандидатот на Ѓорге, таа прва се огласи.

– Вака, овде работата е многу едноставна. Омар, песната „Од милион жена“ од Тони Цетински ја слушнав овде 9.000 пати за 9 години, и никој не ја отпеал вака, и никој не може! Што се однесува до Армин, тој пееше одлично, но ништо ново не се случи во однос на претходните 4 кола. Сето ова е заслужено и праведно – изјави Мара.