Марија Шерифовиќ му помогна на младиот пејач кој живееше во шатор под мост – фановите воодушевени

Марија Шерифовиќ ги воодушеви своите обожаватели кога им кажа дека сака да му помогне на талентиран млад пејач за кој пишувавме пред некој ден и да му обезбеди дом.

Имено, на платформата Јутјуб се појави видео од уличниот пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој нема дом, но живее под мост. Оваа приказна, како што вели, ја погодила Марија, а таа решила да му помогне на Мустафа обезбедувајќи му место за живеење.

– Мустафа пее од својата седумгодишна возраст. Денес тој е полнолетен и не може да плати кирија или да се прехрани поради неговото пеење. Ја снимивме утрово во шатор под мостот на Зеничка јамка.

Не можел да ја плати киријата, па бил отпуштен, односно избркан. Мустафа шест дена живее во шаторот, а најлошо е што не ја гледа „светлината на крајот од тунелот“.

Не знае како ќе заработи за да изнајми мала соба и да си обезбеди храна за живот. Мустафа нема родители и роднини. Сега за него би било најдобро да најде каква било постојана работа за да може да заработи за живот бидејќи повеќе не можете да живеете од музика без разлика на вашиот талент – пишува тој во описот на видеото на YouTube.

Во видеото Мустафа раскажува како ќе се пријави на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, но дека не може да си го дозволи тоа.

-Таму треба да имаш пари. Можам да одам во „Ѕвезде Гранда“ да се пријавам, но како? Не можам да одам таму со 10 марки. За таму ти требаат пари за убаво да се облечеш.

Треба да се претставите, од каде сте, име и презиме, колку години имате. Би се пријавил, но не можам. Второ, немам ни родители, немам никој свој – вели младиот човек во видеото.

Марија најпрво ги замоли сите што знаат каде е овој млад човек да ја контактираат, за да може да воспостави врска со него.

– Овој тип спие некаде во Зеница под мост. Неговото име е Мустафа. Ако може и сака некој од Зеница нека го најде, нека ме контактира и нека ми даде контакт.

Нека Мустафа добие дом и поклон – напиша таа на својот Инстаграм профил, а потоа проговори и Мустафа, кој откри дека пејачката успеала да стапи во контакт со него и да му помогне:

– Марија моментално спие, но ми се јави нејзиниот менаџер. Рече штом таа стане, ќе ме контактира да договориме – изјави за „Телеграф“ и откри дека се вратил во стариот стан и повеќе не е во шаторот под мостот.

– Се вселив во стариот стан. Човекот ми ја плати киријата за два месеци, среќа што во меѓувреме не ме изневери. Сега сум добро – изјави талентираниот пејач.