(ФОТО) Дамјан Стојаноски изрази благодарност по првата турнеја преку океанот: Се вратив дома со преубави спомени

Синот на легендата на македонската народна песна Војо Стојаноски, Дамјан Стојаноски, е познат пејач и инструменталист, но и сестран музичар.

Во едно интервју за Шоу Магазин тој изјави дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиноски.

Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога поч ина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата, но и и голем патриот и родољуб кој како и покојниот Војо, бескрајно ја сака својата татковина, Македонија!

Иако не е многу често активен на социјалните мрежи со моменти од неговите настапи, овојпат јавно ги изрази своите благодарност и задоволство од одржаната прва турнеја преку океанот.

Заврши мојата прва турнеја низ САД…После поминати илјадници километри низ Америка и средби со илјадници Македонци кои што живеат далеку од татковината но ја сакаат нашата македонска музика и ги посетија нашите настапи во повеќе градови,

се вратив дома здрав и жив, со преубави спомени,стекнати нови пријателства и уште поголема желба да испеам уште многу песни и да ги подарам на македонскиот народ каде и да е…