Саша Поповиќ јавно откри колку пари заработува Гранд од пејачите: Ова е многу важно да се каже, многу се плашат

Многу се шпекулираше колку продукцијата на Гранд зема од заработката на пејачите, а првиот човек Саша Поповиќ се осврна и на таа тема за првпат јавно.

– Ова е многу важно да се каже. Сите финалисти потпишуваат договор, многумина се плашат од тој договор, сепак договорот всушност е вака направен.

Договорот е активен само за оние кандидати кои можат да направат некоја работа и од кои можеме да направиме некакви настапи, да речеме од 1.000, 2.000 и до 7.000, 8.000, 10.000 илјади евра – ни изјави Саша.

Поповиќ се осврна и на тоа кој денес има договори од кои профитира и Гранд.

– Договори имаат, на пример, Александра Младеновиќ, Зорана Миќановиќ, Урош Живковиќ и така натаму. Ако некого можеме да направиме ѕвезда и да заработиме многу пари и за него и за продукцијата, тогаш тој договор е активен, ако не можеме, тогаш нека работи како што работеле досега – откри Поповиќ.

Тој откри и колку заработува продукцијата по настап.

-Како продукција земаме 30%, нивното е 70%, а нашето е 30%. Не можеш да земеш 30% од некој што пее за 100 или 200 евра, нема шанси. Но ако некого качиме на пазарот да вреди 5000 евра по настап, тогаш таму станува активен договорот и на такви кандидати и даваме и нови песната и тие договори се уште се активни. А за возврат сите имаат 9 години рекламирање и маркетинг – искрен е Саша во интервјуто за Телеграф.рс.