(ФОТО) Пристигна веста која Македонците во Австралија долго ја очекуваа – им следува голема забава

Далечната Австралија отсекогаш била број еден најпосакувана дестинација за настап на македонските естрадни уметници.

Јордан Митев без сомнение е еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува кој е родум е од радовишко, потекнува и живее во Подареш.

Тој е еден од ретките македонски фолк-пејачи кој исклучиво ја негува македонската песна и низ земјава, а и во дијаспората со секој свој настап ја афирмира неговата приврзаност кон фолк-музиката и традицијата.

Јордан Митев е често активен на социјалните мрежи кога има потреба да си го искаже своето мислење во врска со некоја тема, а во последно време се почести му се и видео обраќањата.

– За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, смета Јордан.

Но, кој си го бива, си го бива, па нема проблем каде и да настапува. Покрај многуте македонски пејачи кои веќе беа, или допрва ќе заминат, на турнеја во Австралија е и Јордан Митев.

На голема радост на нашинците таму, Митев сподели информација за неговата есенска австралиска турнеја која ќе се одржи во периодот октомври/ ноември.

Притоа тој на својата Фејсбук страница напиша: Голема австралиска турнеја. Од 13ти октомври до 18ти ноември. Повеќе информации наскоро..