Маја имала 321 килограм и не можела да престане да јаде: За се е виновно моето балканско потекло

Маја Радановиќ, Американката со наше потекло, стекна светска слава откако се појави во една од емисиите на каналот TLC поради проблемот со вишокот килограми. Имено, таа во еден момент од животот тежела дури 312 килограми.

Како што рекла еднаш, нејзините родители се преселиле од Србија во Америка во потрага по подобар живот. Меѓутоа, кога имала само две години, тие се развеле и агонијата започнала. Бидејќи мајка и морала да работи, останала сама, а единствената утеха и била храната.Она што таа го наведе како „отежителна околност“ додека растеше во Орегон беше нејзиното српско потекло.

“Виновник за мојата тежина е главно моето српско потекло. Во таа нација се се врти околу храната. Виновен е и тоа што моите родители се разделија кога бев мала. Мајка ми мораше многу да работи, а јас бев осамена и утеха пронајдов во храната.

Заминувањето на татко ми многу тешко ми падна и од десет години почнав многу да се дебелеам.На почетокот на средното училиште имав 136 килограми, а на крајот од него 181 килограм. На 24 години имав 226 килограми“, рече таа.

Таа се појави во популарната емисија на TLC „Живеење на 300 килограми“ кога имала 33 години, тешка 312 килограми. Не само што била зависна од своето момче за сè, туку била и емотивно исцрпена од физичката болка, вклучувајќи ја и непријатноста.Во таа прилика рекла дека работата во ресторан за брза храна само и ја влошила состојбата.

На крајот, по емотивен слом, таа раскина и со Кристијан. Сепак, таа потоа започна нова битка, сама.Маја го одржа ветувањето што му го даде на докторот за време на шоуто и ослабе доволно за баријатриската процедура. Иако се уште е далеку од резултатите што ги посакува, Маја успеа значително да ослабе, над 90 килограми, ако не и повеќе. Судејќи по објавите на социјалните мрежи, таа денес живее активен животен стил, дружење и патување.