МВР нема прошка за никого, па така и за полицаецот кој претепа инвалид од радовишко – еве со што се соочи

Како што веќе информиравме пред неколку дена, инвалидизираниот Игор Јанев од селото Дедино радовишко брутално бил претепан од две лица по што завршил во штипската болница.

Момчето кое и покрај својата состојба се грижи за своите две болни сестри сега се врати во родното село, а пристигна и реакција од МВР и обвинителството за случајот.

Имено како што веќе претходно беше кажано напаѓачот е вработен во МВР, односно е полицаец.

Од МВР денес за случајот одново се огласија и притоа кажа:

Денеска (29.11.2023), Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од село Конче, општина Конче, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот закон.

Тој се сомничи дека на 26.11.2023 пред продажен објект во село Дедино, општина Конче, физички го нападнал И.Ј.(44) од село Дедино, лице со здравствени проблеми.