Јовица од кочанско: И по пет дена сум трпел за леб, спијам со сопругата и со дедо ми заедно на еден кревет

Јовица Јованов од кочанското село Мородвис е сиромашно младо момче кое како мал почнал со многу тешка физичка работа за да му помогне на семејството за да опстане.

Денес, во куќата која едвај може да се нарече дом, во Мородвис во две соби, живеат девет члена – неговите сестри, родители, сопруга и неговиот дедо. За својата ситуација зборуваше во емисијата Срце на дланка .

За да биде уште полоша ситуација, утрово известија дека ненадејно се упокоил таткото на Јовица. Ни родителите, ни сопругата не смеат да работат поради диајгнози.

– Во многу тешка состојба сме, тежок живот, гледате и сами куќата ни е пред распаѓање, нема каде да живееме, нема што да јадеме. Најлошото што ми се случи во животот – детенце ми по чина.

Не знам ни до вечер што може да биде, ни до утре. Заедно спиеме со дедо ми во ходникот, многубројно семејство сме осум члена сме во куќата и многу тешко.

Освен јас никој друг не работи. Мајка ми, татко ми не се способни за работа, бол ни се, кога можеа работеа на времето, земјоделци беа,тутун садеа. Татко ми од дрва не израснал, вели Јовица.

На еден кревет кој го спуштаат навечер во ходникот спијат заедно со сопругата и дедото. Условите за живот им се и повеќе од кат астрофални.

– Немаме ни купатило, немаме ништо и многу е тешко за живеење. Јас работам ден за ден, да извадам за да преживееме. Некогаш и гладни си легнуваме сите и трпиме.

Јас уште на мои 12 години кога почнав да се развивам, немав ни осмо завршено – ем на школо одев, ем по нивите. Работев 7 – 8 години по конфекции за да прехранам цела фамилија, но тешко е.

Не сакам на никој да просам да тражам, не сум таков човек – сам се мачам, сам си го вадам поштено лебот. Сега се затвори конфекцијата и не работам.

Бев и во Германија, година ипол работев со виза кај мој чичо. Ама знаеш, додека има корист ќе те држе – работев за 800 евра, а каде тие стан, јадење, ич немав пари, јас сум трпел за леб шест месеци таму.

Сега може ќе апнам една рибанка леб, ама до вечер не се знае. И по пет дена сум трпел за леб. Само јас си знам како ми е во душата, верувај, така да има некој што ќе може да ме разбере, да се исплачам да ми олесни.

Многу верувам во Господ, се молам на него, роден сум на златен празник ден Мала Богородица,а именден ми е на Св.Јован и многу верувам. Дали таква ни била судбината не знам.

Иако сум бо лен од тром боцитопенија, со простата стра дам, а не сум отишол еднаш на доктро. Сега овие две – три години искарам 500, 1000 денари и одма ги дадам во продавницата за да се прехранеме. Секој ден така, ако не одам за леб ќе трпиме.

Ни социјално земаме, ништо. Дури некои викаат луѓе вие арно сте живи уште, како живеете? Мајак ти неспособна, татко ти неспособен. вода плаќаме ѓубре плаќаме, а како да ги искарам за да платам никој не те разбира, немаат милост.

Бев многу заглавен заради тоа што ми требаа пари за детето, а не е срамно да си кажеш тоа што си поминал во тешко време – земав од тие брзте кредити плаќав ги, и откако напуштив, нема веќе услови да ги плаќам и тоа што бев земал сега немам да го враќам и сметката моментално ми е блокирана,објаснува Јовица.

Јовица бара од јавноста да му се помогне да најде работа и да направи една соба за скромен живот. Доколку сакате да му помогнете на Јовица Јованов и неговото семејство тоа може да го направите на телефонскиот број 076665846 или на жиро сметката