(ФОТО) Сашко Коцев запрен на паркинг од двајца полицајци – му укажаа на што да внимава

За Сашко Коцев добро познато е дека е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.

Коцев, кој секогаш знае да ја насмее публиката и своите следбеници на социјалните мрежи, е омилен на многумина.

За Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

Вчера Сашко Коцев беше запрен од двајца полицајци на паркинг пред зграда, а од МВР на социјалните мрежи напишаа:

Превентивна активност на СВР СкопјеОдделението за превенција при СВР Скопје продолжува со реализација на превентивниот проект „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, со цел подигнување на општата безбедност и превенирање на кражби од автомобили.

Вчера (15.06), на подрачје на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, полициски службеници од Одделението за превенција и инспектори од Одделението за криминалистички работи Центар на поголемите паркинг простори поделија едукативни материјали и разговараа со граѓаните, на кои им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите, кои потоа може да бидат мета на крадците.