Дедо Милутин е вистински феномен – 30 години не пробал свежа храна, а јаде нешто од кое на многумина им се лоши во стомак

Милутин Прокиќ од Осечина веќе ја преполови осмата деценија од животот, а изгледа витално иако воопшто не може да се пофали со своето мени.

Имено, овој човек речиси 30 години не пробал свежа храна, а главни деликатеси му се расипано овошје, мувлосан леб и кисело гравче и затоа овој човек е светски феномен.

– Ми се допаѓа се што е бајато, не можам ни да објаснам, едноставно така е. Никогаш не сум се разболел и немав здравствени проблеми.

И покрај тоа што влегов во осмата деценија од животот, без проблем одам на работа и така заработувам за живот. Никогаш не сум имал ни најмал проблем со стомакот, па претпоставувам дека поради таквата диета моето тело се навикнало и создало антитела против бак терии и вируси и затоа немам никакви проблеми.

Никогаш не ме болел стомак, ниту сум повраќал, за мене гравот треба да стои 10-15 дена, лебот да се исуши, а може да стои и една година, тоа е најдобрата храна – изјави Милутин.

И додека често можеме да видиме фрлено расипано овошје, ваквите овошја се вистинско уживање за Милутин. Според неговите пријатели, тој дури бара од продавачките да му остават такво овошје да земе бидејќи сака да го јаде.

-Милутин го познавам најмалку 30 години, тој е чесен и добар човек и пред се вреден. Неговиот начин на исхрана на сите им е чуден. Чека да отстои најмалку три дена за да му се допадне, наоѓа шише со млеко кое стои еден месец и го пие велејќи дека има бак терии кои му се добредојдени.

За три години изел еден тон мед, луѓето фрлаат расипано овошје од продавниците и тој го јаде, бара да го остават. Милутин никогаш не се жалел на варењето, ако сега му зготвеле ручек и му понуделе топол и свеж оброк, тој би го земал, но нема да го изеде веднаш, туку го остава да отстои неколку дена и дури потоа го консумира.

Нема да јаде храна која е подготвена истиот ден, сака да ја остава да отстои, бидејќи така сака – рекол неговиот сосед Жарко Алиќ.

Милутин никогаш не се пожалил на стомачни проблеми, важно е храната што ја консумира да има што е можно подолг рок на траење, а тврди дека е уште повкусна.

Дедо

Некои го сметаат за вистински феномен кога е во прашање менито, а дури и лекарите тешко дека имаат објаснување за неговата навика. Сепак, факт е дека многумина, иако се хранат здраво, често не можат ни да ја поминат улицата, а Милутин, иако менито му изгледа „мувлосано“, се движи и се снаоѓа како да е млад човек.