Менсур од Пласница живее осамено: Секоја вечер го молам Господ да ме земе што побргу

Менсур Бег е роден и сам живее во родниот дом во село Пласница. Има само 54 години, но многу тешка судбина. Единствен од браќата кој ги исчувал до последен ден своите родители.

Работел како калфа и имал релативно добар живот како млад. За жал во младоста зад него е и еден неуспешен брак. Потомци нема, а поради грижата кон мајка си останал без работа зашто не можел и да оди на работа и да се грижи за неа.

Од 4 март 2017 веќе се менува неговиот живот. Останува сам во домот кој веќе се рас паѓа. За жал осаменичкиот живот му нанел само штета. Многу б олести, многу тага, многу нервози го исполнуваат неговиот живот.

5000 денари месечно ги дели за се. Најважно за лекови кои ги пие за срцето и другите хрон ични бо лести. Храна има само за неколку дена, остатокот од месецот го живее на вересија.

– Примањата се мали, 5200 денари социјално, вересија на продавница си должам, отплати, доплати не можам да се раздолжам. За дрва немам пари, за јадење немам доволно, за лекови не. Куќата си сака луѓе, се распаѓа а јас не можам да ја одржавам.

Да е жив газдата на продавницата што ми дава на вересија. Ако не етој, ќе ум рам за јадење. Исто така имам од тетка ми девојчиња во Австрија, по 35 евра месечно праќаат во продавница тука, на продавачот. Што ќе направиш со тие пари?, вели Менсур.

Еден ден за жал ќе посака и да си го одземе животот. Многу е разочаран зашто го избегнуваат дека е сиромашен и недостоен. Да не се хуманите луѓе во зима би премрзнал.

И, иако сеуште се моли секоја вечер Господ да го земе, потсвесно се надева дека некои хумани луѓе ќе му ја вратат вербата во животот и ќе успее да се смести во дом ако ништо друго барем да не ум ре осамен.

– Еве, денеска воопшто не сум јадел. Ни па ми се јаде од нервоза и не можам да јадам. Не верував како што напредував, не верував дека до овој степен ќе дојдам., вели за Срце на дланка.

А не можам да се пожалам, тоа време добар живот видов со мајка ми кога беше жива, си работевме, тутуни, пченки, грав, садевме по нивјето, крави ,телци.. Малку по малку се се изгуби.

Менсур е роден и потекнува од село Пласница. Имал добро детство и убави планови кои за жал се пресекуваат со смр тта на родителите.

Кога мајка му паѓа во кома бидејќи единствено тој од браќата се заложил да ја чува, па, морал да ја напушти работата и четири години бдеел над неа.

Потоа, и него го напаѓаат болести, а, најмногу ќе го повреди сиромаштијата поради која се оддалечува од светот и завива во самотијата, па денес принуден е да гладува, храна да зема задолжувајќи се во продавница, а некогаш и да заспие без испиени лекови.

– Ја изгубив работата поради мајка ми, 3ипол години во кревет беше, легната, нема кој да ја гледа. Брат ми не ја земаше. Потоа се разболев. Овие 6 години по болници со лекарстав нонстоп не можам глава да кренам, додава овој нап атен човек.

На осамен човек најтешка му е осаменоста и сознанието дека не вреди и дека е отфрлан од сите. Затоа овој човек посегнал и по својот живот, а, ќе каже нема ништо потешко од тоа во себе да имаш само душа.

И, иако секоја вечер се моли на Господ да му ја земе душата, се надева и потсвесно посакува Дом за старци каде би го минал остатокот од животот.

– Се молам секоја вечер пред да легнам, се молам дај Господе земи ме што побргу. Оваа ма ка не ми ја давај, да ме нема што побргу.

Понекогаш човек помислува дека сите освен него живеат подобар живот. И, дека никој како него нема така големи проблеми.Дека во туѓиот двор тревата е поубава. Никој не не гледа кога плачеме осамени.

И кога во перница ги испуштаме болн ите кри кови од нашиот живот. Сепак утре нашиот живот ќе продолжи и треба да си го задржиме својот мир. Зашто ударите во животот не значат дека сме направиле лоши работи, туку дека долго време сме биле предобри.

Доколку сакате да му помогнете на Менсур да види поубави денови од животот, тоа може да го направите на телефонскиот број 070 925 146 или на трансакциската сметка.