Миа Костова: Добро бре говеда едни, ова е комплетно измислено

Поранешната водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:

Добро бре говеда едни, прво лепевте доктори на тема апчиња за слабеење, сега стасав и јас на ред!

Ова интервју е комплетно измислено, во живот не сум дала вакви изјави, во живот немам користено апчиња за слабеење, во живот не би кажала вакво нешто ниту би била дел од вакви кампањи!

Ако некој има инфо како да стасам до оној кој стои зад ова сра*е кое личи и како некој чуден превод преку гугл транслејт уште во наслов, ве молам информирајте ме!

Ова не е моја изјава! Во ниту еден дел! Не наседнувајте