Милена Антовска емотивно се отвори: Со мене останаа малку ама вистинските

Милена Антовска својата кариера ја гради на Канал 5 ТВ, пред се во утринската програма каде што гледачите најмногу ја препознаваат.

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.

Секојдневно е активна на социјалните мрежи каде споделува свои фотографии од дневниот стајлинг, но и по некој статус како денешниот:

Понекогаш е добро да се сетиш каде и како си започнал нешто во животот. Јас често го правам тоа, затоа што знам да ценам, да почитувам и не заборавам. Си правам времеплов во главата од 2009-та до ден денес…

Почнав во утринска, еве ме периодов пак во истата таа емисија преку која се изградив како телевизиски лик. Сите овие изминати години како и на сите нас, така и на мене ми се случија многу работи и добри и лоши, и на приватно и на работно поле. Многу луѓе, муабети, ситуации…

Среќа многу од тие поминале и се заборавени. До мене и со мене останаа малку ама оние вистинските 🙂 Допрва ми доаѓаат уште поубави работи, ама не откривам уште, ќе почекам 🙂 И она што всушност сакав да го кажам е дека сфатив колку мирот и спокојот се најважни. Никој и ништо не заслужува да се изгубите себеси и така да ви се наруши менталното и физичкото здравје. Сакајте се луѓе