Молика се враќа во Австралија без Анета, но нема просто за грижа – сега со Гавазова

Познатата фолк група ,,Молика” ја најави својата австралиска турнеја која ќе започне на 12-ти април.

Објавени се детали за концертите во Сиднеј, а со групата ќе настапува Сузана Гавазова, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски.

Ова нема да бидат први заеднички настапи на ,,Молика” и Гавазова. Откако вокалистката на групата, Анета Љумоковска се разведе со фронтменот Џими Мицевски, Сузана во неколку наврати настапуваше со ,,Молика”.

Заедно настапија во локал во Скопје, како и во Германија пред наши иселеници.

По разводот на Џими и Анета, таа продолжи со соло кариера, но од групата известија дека заедно ќе ги одржеле претходно договорените настапи, а потоа секој продолжувал по својот пат.