Дрaмa над македонското небо: Во авион на Визер се соблекол до појас, одел и викал у ч к

Сме читале за најразлични ин циденти за време на некој лет, но она што пристигна пред неколку момент е навистина за грижувачки.

Имено еден патник се соблекол до појас и започнал да вика „у ч к“ и агр есивно ги возне мирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје.

Полицијата го при веде веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот, пренесува СДК.мк.

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агреси вно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според патници на летот, мажот со крупна конституција кој изгледал дека најверојатно е под некое дејство и почнал многу гласно да вика околу половина час пред да почне постапката за слетување.

Тој прво го во знемирувал патникот на седиштето пред него, па човекот морал да се премести понапред во авионот. И покрај опомените од кабинскиот персонал, мажот продолжил да вика.

Кога стјуардесата го најавила слетувањето и побарала патниците да останат врзани на своите места, тој станал и почнал да оди низ авионот при што се соблекол до појас.

Тогаш патниците видно се возне мириле, а децата почнале да плачат. Стјуардесата преку разглас ги повикала да бидат смирени, а мажот продолжил да оди низ авионот и кога дошол во задниот дел, почнал да удира по седиштата и конечно седнал.