Наместо сопругата Ленче, Горан Кукиќ бакна друга наша пејачка на полноќ: Ја прекинавме традицијата

Забавната двојка Горан и Ленче Кукиќ, поранешни победници на шоуто „Никад није касно“, влегоа во 2023 година работејќи и пеејќи во Скопје, каде им се случи една несекојдневна ситуација која ги натера да ја прекинат дведецениската традиција.

-Си поминувавме одлично. Јас и Ленче пеевме на новогодишната ноќ на плоштадот во Скопје, имаше девет пејачи, Скопскиот боемски оркестар, Мерак, Ферус Мустафов, Елена Ристеска…

Времето беше многу добро, плоштадот преполн, навистина бевме изненадени, имаше одлична атмосфера – ја започнува приказната Горан и открива кого прв бакнал на полноќ.

-Прво ја бакнав колешката Елена Ристеска, па отидов да се бакнам и да им честитам на сите мои колеги на сцената – призна поранешниот победник, а на прашањето зошто не ја бакнал прво сопругата, како што правел пред неколку децении, тој одговори:

– Ленче беше на крајот оваа година иако досега сите овие години, прво нејзе ѝ честитав, па на другите колеги и пријатели.

Тоа беше традиција, но оваа година беше поинаку. Што се однесува до желбите, и посакав на мојата Ленче да е жива и здрава, среќна и весела. Тоа е најважно.

Горан истакнува дека е презадоволен од годината што е зад нас, бидејќи, како што вели, успеал да ги оствари сите свои цели.

– Беше одлична година. Вистина е дека од средината на јули до крајот на август беше малку заморно, со оглед на закажаните настапи што требаше да ги имаме за време на коро ната, но ние бевме одговорни и испочитувавме се- вели Горан и додава дека има големи желби и планови за 2023 година.

– Со Господ напред, планираме да правиме десет концерти во Македонија од втората половина на април до крајот на јуни.

Градовите се избрани, добивме одобрение од општините, па по празниците, односно во јануари ќе ги знаеме сите детали.

Јас и Ленче имаме спремни песни, само треба да направиме спотови, па да промовираме нешто ново. Навистина се радувам на тоа – заврши Кукиќ за Гранд.