На Васко од Битола му изгорела куќата, му избегала сопругата, а социјалното му ги зела четирите деца: Сега си вратил три, а молим за помош да изграде нов дом

Васко Талески е самохран татко на четири малолетни деца. Никогаш не се надевал дека неговите најмили ќе растат без мајчина љубов, но, еден ден ќе каже тој, на денот на мојот именден нивната мајка ги напушти засекогаш. Доста време болувал за децата, скршен од болка зашто не може да им ја надомести мајчината грижа, но, и финансиски бил премногу лошо па преживувале од милостината на народот и црквите.

Децата биле на возраст од 3 до 9 години. Најстариот син сам се грижел за Тео, Иле и Илина менувајќи им пелени и правејќи им кашички. Таа грижа ќе продолжи и во домот, кога После пет тешки месеци на ова семејство, социјалните служби одлучуваат дека на децата подобро ќе им биде во дом за деца без родители.

Сепак, спомените на тројцата момчиња се лоши-ќе кажат тие. Најсреќни биле кога татко им ги земал на викенд или распуст, а, најтажни кога ги враќал во домот. До пред некој месец се сите тријца заедно, но, за да биде мозаикот целосен им фали уште сестричката Илина која е близначка со малиот Иле и кој кога не се заедно е видно вознемирен и растревожен.

Најсреќен е кога се заедно, во станот под кирија, иако, желбата на сите едногласно е да ја направат куќата во Граешница која е започната на темелите на некогаш опожарената куќа во која би биле среќно и сложно семејство.

Васко има 51 година, роден и пораснат во село Граешница секогаш подоготвен да се врати таму каде му се корените. Сепак пред неколку години родната куќа се опожарува и заминува да живее со семејството во куќа во Градот, зашто тој на 33 годишна возраст се жени со многу помлада жена од него и создава семејство од четири дечиња: Мартин, Иле и Илина, и најмалиот Теодор.

Но, еден ден, и покрај сложниот живот, Васко вели дека на денот на неговиот именден сопругата заминува и повеќе не се враќа. Децата, три годишниот Тео, четири годишните Иле и Илина и тогаш сеуште малиот, девет годишниот Мартин остануваат сами, во солзи и со надеж дека некогаш повторно ќе почувствуваат мајчина љубов.

-Пред повеќе од една деценија се оженив и родивме четири дечиња. Сопругата беше многу помлада од мене, но, навистина многу се грижеше за децата. Се ни одеше убаво додека еден ден баш на денот на мојот именден таа излезе и никогаш повеќе не се врати. Дечињата беа многу мали, најголемото беше 9 години, близнаците Иле и Илина 4, а најмалиот Тео имаше само 3 години. Ја баравме секаде безуспешно.

Иле најмногу беше повреден, немаше ден да не стои на прзорецот, да тропа и да вика по неа да се врати. Јас бев изгубен. Не бев при себе. Не знаев како сам да се средам, а не децата. Еден ден во очај заедно со нив во автомобилот сакав да се утепам. Имало Господ тој ден не палеше колата и останавме живи. Најголемиот син кој сеуште беше дете ги чуваше им менуваше пелени и им даваше кашички на помалите. Јас одев на работа и се молев на Господ да бидат добри кога ќе се вратам- јас започнува овој човек својата тажна животна сторија.

Периодот за да здравствено и финансиски закрепне, Васко го чинеле разделба од оние кои му значат се. Морал да ги даде децата во дом, зашто додека одел на работа тие сеуште многу мали морале да се грижат сами еден за друг. А, потешко од разделбата и нивното заминување е делењето секој месец, кога ги земал и морал да ги врати за да се врати на работните обврски.

Сепак, еден ден закрепнува и едно по едно си ги враќа децата дома. Но, му фали уште Илина девојчето која е блзинак со Иле и кој можеби најмногу тагува по нејзиното отсуство од дома.

-Следеа години во кои откако ги дадов во дом морав да закрепнам, прво јас за да можам еден ден да ги земам назад. Живеев во куќа под кирија, бидејќи ми изгоре родната куќа во Граешница уште додека бев во брак. Подоцна најдов стан во Битола и почнав да доаѓам на себе.

Прво секој месец одев во домот да ги гледам дечињата. Ги земав и дома еднаш месечно, ама најтешка беше рзделбата. И, финансиски едвај се крепев. Потоа, почнав едно по едно да си ги повлекувам, прво најголемиот, па, Тео и Иле, ми остана уште Илина близначката на Иле за да бидеме комплетно семејство како некогаш-додава Васко.

Уште додека биле комплетно семејство куќата во Граешница им гори до темел и се селат во Градот. Денес живеат во стан за кој плаќаат 4000 месечно, од минималната плата на Васко, но, сонот им е да ја доправат новата започната куќа во Граешница и сите шестмина заедно да си ги исполнат соништата и никогаш да не се разделат.

-Имав несреќа во која ми изгоре родната куќа која најмногу ја сакав и јас и децата. Сега и покрај тоа што живееме со една минимална плата се трудам со пријатели да направам куќа во Граешница и да си ги однесам децата на свое.

Тоа ми е најголемиот сон. Да ја доправам куќата и да ја вратам и Илина која многу тагува по браќата посебно по близначето Иле. И тогаш мозаикот ќе биде комплетен- завршува Васко за Срце на дланка.

Доколку сакате да му помогнете на семејството на Васко Талески тоа може да го направите на телефонскиот број на Васко 078622197 или на неговата жиро сметка 240157107606491