Наставничката по Марија која претрпе насилство од учениците е на листа за технолошки вишок – платата и ја намалија за повеќе од 16.000 денари

Случајот со насилството што го доживеа Марија Стевановиќ, наставничка од Трстеник, дополнително се усложни со ситуацијата во која наставничката по англиски јазик, која инаку била самохрана мајка, добила значително помал број часови, со што и се намалила заработката.

Како што откри, нејзината плата сега ќе биде за 32.000 динари помалку или по наше некои 16.000 денари помалку.

„Добив само пет проценти од часовите, а имав 45 проценти. Благодарение на работата во друго основно училиште, имав целосна плата. Сега изгубив над триесет илјади динари. За мене, која сум самохрана мајка, тоа е премногу“, вели Стевановиќ.

Марија Стевановиќ се појави на списокот на наставници на кои им беа доделени бодови за технолошки вишок.

„Училиштето не ме извести дека имам право на второстепена лекарска комисија која ја оценува работната способност на вработениот. Само таа може да ме испрати. Тоа беше важно кога се добиваат поени за технолошки вишок“, вели професорката по англиски јазик.

„Ќе морам да го тужам училиштето. Немам пари за приватна тужба, бидејќи живеам од плата која не знам ни колку ќе биде. Ако најдам адвокат ќе го сторам тоа“, вели Марија Стевановиќ.

Професорката Марија Стевановиќ, чие столче учениците и го тргнаа за да падне во Техничкото училиште во Трстеник на 9 ноември минатата година, се смееја на нејзиниот пад, ја снимија и го споделија тоа видео преку „Вајбер“ и „Инстаграм“, на крајот на февруари оваа година повторно почна да предава на училиште.