Наумче Мојсовски проговори за парите кои му се должат

Актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт и воедно поранешен ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски секогаш знае да привлече внимание.

За разлика од кога беше активен спортис и сега кога е со политичка функција, не е многу омилен кај јавноста.

Тој гостуваше во емисијата Жешко столче каде што отворено зборуваше на неколку теми.

Мал дел од парите што ми ги должеше Металург ги наплатив, но поголемиот дел не. Еве се бо риме од 2014,2015 година веќе, но се надевам ќе се изнајде решение.

Покрај мене таму има и многу други на кои им се должи. Се надевам ќе дојдам на ред и ќе ги земам. Тоа беа заслужени средства од наша страна, го давав максимумот, имаше голем успеси.

Јас односот со Борко никогаш не сум го нарушил, од кога влезе и тој во политички води, почна да прозива спортисти, да се кара со Кире, со Перо што е е добро.

Прозива без потреба. Кога и да се видиме се поздравувавме, така беше и сега кога се видовме, се гушнавме. Тој е негов метод, спортот не познава партиски бои, тоа не е океј, но немам што лошо да кажам за него.

Она што беше зацртано од мене во 2020 година во онаа Владина програма за избори од моја страна 95 посто е исполнето. До 2024 година кога е мојот мандат ќе ја исполнам 100 посто она што беше предвидено. Времето и работата покажува дека работите си течат. Јас мислам дека сум успешен во мојата работа.

Дали некогаш се гледам како селектор. Ништо не се знае, јас завршив семинари, имам лиценца за тренер, зошто да не, се гледам во спортот, го сакам спортот. Се надевам дека кога ќе завршвам со оваа фунцкија ќе се вратам во ракометот.

Не сум се продал за пари. Не ми било никогаш за пари, сум играл за нула денари. Не се земало многу пари во ракометот, колку за еден нормален живот.