На Виолета од светиниколско неодамна и почина 31-годишниот син: Немав пари да го лечам, помогнете ми барем гроб да му направам

Виолета Давиткова од Ерџелија пред еден месец, на 13 јули, го загуби 31 годишниот син Стојан Давитков. Семејната трагедија Виолета ја фрли во голем очај бидејки до последен момент верувала дека лекарите ке го спасат.

Виолета е убедена дека доколку Стојан претходно се лечел соодветно тој немало да замине, но за тоа семејстовто немало пари.

Сега, еден месец по смртта на Стојан, таа и нејзиниот сопруг кои живеат од социјална помош, немаат пари на синот да му подигнат најобилен споменик. Зборуваа пред камерите на Телевизија Стар.

– Ги замолувам сите хумани луѓе ако сакаат да ни помогнат да му го направам гробот зашто немам од нигде ништо. Немам роднини, ни приајтели, сама сум со сопругот. Тој е со два мозочни удари.

Примам социјална и туѓа нега ама малку се, сега ќе ми ги скратат и тие затоа што детето ми почина. Не можам ни дрва да земам, еден комшија рече дека ќе ми донесе, вели насолзената мајка.

Семејството Давиткови целиот живот го минува низ немаштија и проблеми. Во Ерџелија за нив велат дека се скромни луге на кои среката никогаш не им дошла во куката. Целиот прилог може да го погледнете на ТВ Стар.