На Перо Антиќ му „пукна филмот“: Зарем мислите дека некој може да ме избрка од кој било локал, каде било?

Перо Антиќ видно лут се огласи на својот инстаграм профил по пишувањата на некои медиуми за наводен инцидент, па притоа потенцираше:

Никогаш јавно не се обраќам за нешто напишано, уште помалку ми паѓа на памет да се објаснувам, ама се претерува со апсолутно никаква новинарска етика и неинформирани извори.

За мене е јадно да се пишува за случка која не се случила како опишаното, за лик кој не го ни познавам, а уште помалку за лик кој не постои во мојов живот.

Зарем мислите дека некој може да ме избрка од кој било локал, каде било?

За жал, со сите овие натписи само ја храниме младината со токсини, наместо да ги информираме за спорт, култура, уметност и да ги учиме на вистински вредности.“