На Штипјани и дојде преку глава од трговците од струмичка Баница – Градоначалникот кажа што ќе направи за да се справи со нив

Трговците од Баница струмичко во Штип не се пожелни. Крадат од граѓаните, ги тепаат и прават комунален, сообраќаен и друг неред околу Градскиот пазар. Градоначалникот Јорданов е сведок на немили ситуации и вели дека состојбата ја превзема во свои раце.

Ова место проблематично стана особено последната година кога од паркинг беше пренаменето во камионски тезги кои овде често се со денови. Околните станари се жалат на неред, фекалии и насилство кои се присутни од мај па наваму.

Штипскиот Градски пазар е најголем во регионот и пред и за време пазарните денови се закупуваат и до 120 тезги. Прометот е огромен па оттука и жестоката борба да се обезеди добро продажно место.

-Ние баравме до сега неколку пати апелиравме да има контроли, да ги казнат, да им ја конфискуваат робата, да ги казат. Но немаме слух за нашите апели и веќе кога имаме ваква ситуација немаме друг излез освен да ангажираме агенција за обезбедување, вели Јорданов за Тв Стар и додаде:

-Тие имаат како и другите пазарџии да закупат тезга во Градскиот пазар, туку ги узурпираат јавните површини, а се почести се поплаките од граѓаните дека се украдени